Започна израелската авантура: Старт со реми за Шундовски против Украина

Македонскиот стратег Звонко Шундовски со реми ја стартуваше селекторската авантура на клупата на Израел. Неговите момци во Тел Авив одиграа нерешено 25:25, со солидната селекција на Украина, со која ќе се сретнат уште два пати во главниот израелски град.

Овој тромеч е дел од подготовките на репрезентацијата на Израел за квалификациските дуели за пласман во бараж за СП. Израелците се во група со Литванија, Летонија и Грузија, а групата ќе се игра во литванскиот град Клаипеда, турнирски, на стартот на следната година.