Започна битката за трофејот во Данска: Митјиланд победи на првиот натпревар против Есбјерг

Ракометарките на Митјиланд пред своите фанови го совладаа Есбјерг со 23:22 (11:9) во првиот натпревар за шампионската титула на Данска. Во одлучувачкиот натпревар кој ќе се одигра во Есбјерг, избраничките на Хеле Томсен ќе се обидат трофејот да го вратат во Икаст.

Во натпреварот кој го одбележаа бековите, најефикасни во Митјиланд беа Корнелиа Грот и Стине Јоргенсен со шест погодоци. Во Есбјерг листата на стрелци ја предводеше репрезентативката на Холандија, Еставана Полман со шест погодоци.