Започнаа подготовките на новиот Металург (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Управата на Металург имаше тешка задача да ги пополни сите испразнети места во ростерот на некогашниот македонски шампион.
Лино Червар е единствената константа во „сино-белиот“ тим, во кој од наредната сезона ќе ги гледаме Антонио Пешевски (голман), Марко Матиќ (лев/среден бек), Јанко Божовиќ (десен бек), Даниел Дупјачанец (голман), Лука Мраковчиќ (среден бек), Милош Вуковиќ (голман), Константин Петров (пикер) и Кемал Фазлиќ (десно крило).
Верноста кон тимот од Автокоманда ја продолжија Жарко Пешевски, Филип Талески, Бојан Маџовски, Марко Нелоски, Горан Крстевски, Никола Костески и Милорад Куковски, а на првата екипата и се приклучија и неколку ракометари кои настапуваа во помладите категории на Металург минатата сезона.
Со овие ракометари започна првиот подготвителен тренинг за наредната сезона во спортската сала „Автокоманда“, играчи со кои вториот претставник во Лигата на шампионите ќе се обиде да го врати своето препознатливо реноме во регионот.
Од клубот најавуваат уште неколку засилувања, пред сè со македонски ракометари, со што би се добил конечниот изглед на новиот Металург…
[Best_Wordpress_Gallery id=”134″ gal_title=”metlurgtrening 1.8.2015″]