Заминува од Загреб: Леон Шушња потпиша со Висла Плоцк

Се остварија најавите за трансфер на хрватскиот пикер. Ракометарот на Загреб и хрватската репрезентација Леон Шушња од следната сезона ќе го носи дресот на полската Висла Плоцк. Тој потпиша две годишен договор и после шест години го напушта Загреб.

‚‚Потребна ми беше промена во кариерата. Сакав да се обидам во некој странски клуб, но тоа да биде клуб кој се натпреварува во Лигата на шампионите и атакува на титулата во домашното првенство. Од понудата на Висла бев презадоволен. Се надевам дека ќе станам важна алка и лидер на одбраната во тимот. Сите ние сакаме да го симнеме Келце од тронот и да постигнеме подобри резултати во Лигата на шампионите. Максимално ќе се залагаме да го оствариме тоа‘‘, изјави Шушња.

Хрватот има 26 години, а претходно има настапувано за Мославина од Кутина и за екипата на Новоска.