Заминува еден од странците: Охрид ќе остане без „моторот“!

Тимот на Охрид останува без хрватскиот интернационалец Јосип Кежиќ. „Моторот“ на екипата кој веќе втора сезона е дел од составот на Горан Андоновски, кариерата ќе ја продолжи во некоја друга екипа, а има неколку комбинации.

Во ланската историска сезона за тимот од Охрид, Кежиќ беше еден од главните играчи околу кој се вртеше се во составот. Средниот бек доби исписница од клубот на негово барање, иако имаше валиден договор до крајот на оваа сезона.

Кежиќ потекнува од составот на Метковиќ, а има настапувано и за Сплит, Цриквеница и францускиот тим Вернуије, па настапите во грчкиот шампионат за него ќе бидат трет интернационален предизвик.