Закани од „црвено-црната“ армија навивачи: Алекс Душебаев на „нож“ ќе биде дочекан во Скопје!

Вардар утре во Брест ќе го одигра претпоследниот натпревар оваа година во Лигата на шампионите, a на 1 декември го чека последната средба со „црвено-црните“ фанови во Скопје, кога ќе биде одиграна средбата против Келце.

Тоа значи враќање во Скопје на некогашните вардарци Алекс Душебаев и Лука Циндриќ. „Црвено-црната“ армија навивачи има посебен мотив пред дуелот со Келце, бидејќи вардарци во неколку наврати беа непотребно испровоцирани од секогаш мотивираниот кога игра против Вардар – Микал Јурецки, и екс играчот на тимот од Скопје, Алекс Душебаев.

Шпанецот влезе во дуел со Данил Шишкарев, но за среќа неговиот сонародник и соиграч Хулен Агинагалде го спречи во намерите. Судиите немаа попуст, па му дадоа црвен картон. Токму поради овие настани, навивачите се „острат“ пред интересната пресметка, а на социјалните мрежи се врти фотографија со интересен слоган: „ВИЕ НЕ СТЕ СВЕСНИ, КОЛКУ СМЕ БЕСНИ“!

Јурецки нема да биде дел од ростерот на Келце, но затоа во Скопје ќе дојдат Циндриќ и Душебаев, па ќе видиме како ќе реагира вардаровата армија навивачи во СЦ „Јане Сандански“.