Заедно сме посилни: Македонија и Словенија заедно бараат ЕП 2022 и ЕП 2024!

Ракометната федерација на Словенија соопшти за заедничката кандидатура со Македонија за домаќини на Европското Првенство во машка конкуренција во 2022 или 2024 година.

Иако првично Македонија имаше поднесе апликации за женските континентални шампионати во истиот период, сепак сега погледите се свртени кон машките ЕП. Во двете земји би се играле групните фази, а потоа во Словенија би се одиграла завршницата.

Рокот за испраќање писма со интерес беше до 1 мај оваа година и РФМ го испочитува истиот. Но, Словенците треба да добијат поддршка од својата влада за партнерството со Македонија и гаранции за евентуалната организација.

Македонија веројатно одново ќе аплицира и за двете женски континентални шампионати во споменатите години, но за нив рокот е продолжен до 1 ноември. Претхдоно, нашата држава беше единствен кандидат за организатор во 2022, а за 2024 година како противкандидат ја имаше Русија.