Задоволството да го гледате РК Металург во ЛШ ќе ве чини од 950 до 2000 денари

Македонскиот ракометен шампион Металург информираше дека официјалната продажба на билетите за престојната сезона во ЛШ ќе започне на 17.09.2014 година (среда). Една недела порано, од 10 до 13 септември (среда-сабота) сите оние љубители на ракометот кои минатата сезона имале блок карти ќе можат да ги обноват и да ги задржат истите места.

10.09 до 13.09.2014 ( обнова на блок билетите, и задржување на истите места од минатата година)

17.09.2014 ( Започнува официјалната продажба на билетите за сезоната 2014/15 во Лигата на шампионите)

Цени на билетите:

– 1 категорија (блок Б5 и Б11)…950 денари
– 2 категорија (блок Б2,Б4, М7, М8 и М9)……1350 денари
– 3 категорија (блок М1, М15, Б3, Б12, Б4)……1500 денари
– 4 категорија (блок М2, М3, М4, М12, М13, и М14)….2000 денари

Првиот натпревар “плаво-белите” го играат на 29 септември во Скопје против екипата на ПСЖ.