Загревањето на Холанѓанките кое стана хит на Инстаграм (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Холандија вчера претрпе пораз од Шпанија во квалификацискиот натпревар за Европското првенство во Шведска. Сребрените од светскиот шампионат одигран во Данска не успеаа да најдат начин да ја сопрат Кабрал Барбоса која со 10 погодоци беше предводник на победата на Шпанија со резултат 31-29.

Сепак интересен момент кој што предизвика внимание на социјалните мрежи беше загревањето на Холанѓанките, при што чуварот на мрежата Вестер се судри со својата колешка.

 

ФОТО:handbalinside.nl