Загреб спаси бод против Целје, Брест на рутина против Динамо

Екипата на Целје успеа да освои бод на дуелот против ППД Загреб и тоа како гост откако во текот на целата средба се играше со тесен резултат. Домашните беа во водство, но тоа не беше толку големо за да може да се надеваат на мирен финиш. На крајот 25:25 беше резултатот кој им донесе по еден бод на двете екипи.

Загреб беше во предност до 51. минута. Претходно во 43. минута од средбата стигна до плуст пет гола кои беа најголеми за 22:17, но домашните не успеаја да ја зачуваат оваа предност, па на девет минути до крајот гостите стигнаа до израмнување од 23:23.

Тука тргна возбудлив финиш во кој гостите ја диктираа играта односно беа во позитива, а домашните мораше да се обидат да стигнат односно да израмнуваат. Се играше далеку потврдо, но Хорват успеа на минута до крај да погоди за да спаси бод во меч во кој Загреб мораше многу порано да ги реши сите дилеми.

Претходно се одигра уште еден меч од 4. коло во СЕХА-лигата на кој Брест Мешков го совлада Динамо од Панчево со 29:26. Ова беше дуел на кој домашните не форсираа и ги штедеа силите за следниот меч од Лигата на шампионите.