Загреб пресилен за Горење Велење

Хрватскиот првак по поразот во Скопје, им се врати на победите во регионалната лига и славеше на домашен терен против Горење Велење со 28:21. Избраниците на Вујовиќ уште од стартот му покажаа на противникот дека нема што да бара на овој меч.

Нерешено беше само 1:1, потоа се друго беше во знакот на домашниот тим, кој до крајот на мечот малку по малку ја зголемуваше предноста. Во нападот на Загреб предничеше Стипе Мандалиниќ со 9 голови, Миклавчиќ беше стрелец на 5, додека Шпрем, Цингесар и Вујиќ постигнаа по 3.

Во Горење се истакна Голчар со 6 голови, а поранешните вардарци Тоскиќ и Брумен дадоа само по 1 гол.