Загреб нема да игра во Загреб

Ракометарите на хрватскиот првак Загреб ќе мора да се селат во друга сала за натпреварот од третото коло во Лигата на шампионите.

„Арена“ е зафатена со саем, па „плинарите“ го одбраа градот Задар и салата „Крешимир Ќосиќ“ за домаќин на гигантот Барселона.

Натпреварот е закажан за 28 септември со почеток во 20:30 часот, а следните домашни натпревари против ПИК Сегед, Целје и Елверум до крајот на годината, ќе ги одигра во „Арена“.