Загреб направи од готово вересија

Ракометарите на Загреб стигнаа само до бод на гостувањето во Кристијанштад, 28:28, иако во текот на целиот меч водеа и го контролираа резултатот. „Плинарите“ отворија со 0:3, домашните стигнаа до 3:3, беше и 7:7, а до крајот на полувремето разиграниот Мандалиниќ, помогнат од Жарко и Добривоје Марковиќ, му донесе на Загреб водство со 14:16 на пауза.

Во вториот дел гостите имаа во неколку наврати плус 4, а во 48 минута водеа и со 24:27. Тогаш запреа момците на Каменица и Кристијанштад направи серија од 4 голови за 28:27. Во 55 минута Хорват израмни на 28:28 и до крајот имаше само грешки на двете страни, па тој резултат остана како конечен. Најдобар во победничкиот тим беше Лагергрен со 7 голови, додека кај Загреб 8 даде Мандалиниќ.