Загреб и Висла го поделија пленот

Ракометарите на Загреб го освоија првиот бод во Лигата на шампионите, откако ремизираа со полскиот вицепрвак Висла Плоцк, 28:28. Гостите беа поконкретни во текот на првиот дел, но Загреб стигна да направи пресврт до паузата, 18:16.

Висла Плоцк водеше со голот на Крајевски во 57 минута, 26:27, но Мандалиниќ на 30 секунди на крајот даде гол за 28:27 и кога се чинеше дека победата останува во хрватската престолнина, Игор Жабиќ на 9 секунди до крајот донесе реми, 28:28.

Мандалиниќ беше незапирлив кај Загреб и даде 10 голови, додека по 5 кај полскиот тим дадоа Михиќ и Дуарте.