Загреб до победа над незгодниот Извиѓач, Горење испушти реми во Брест

Покрај убедливата победа на Вардар наг сотувањето кај татран Прешов со 34:29, се одиграа уште две средби во регионалната СЕХА Лига. Загреб на свој терен запиша победа против незгодниот Извиѓач со 34:29, иако победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање. Вујиќ и Шебетиќ дадоа по 7 голови, а Вори и Цингесар по 6, додека кај тимот од Љубушки се истакна Шарац со 7 голови.

Најинтересно беше во Брест, каде Мешков го победи Горење со 26:24, иако тимот од Словенија имаше реми во 58 минута, 24:24, по што до крајот само домашните даваа голови. Атман беше одличен со 5 голови, а толку даде и Џамали, додека новиот вардарец Кристопанс постигна 4. Во тимот на Горење најдобар беше Алем Тоскиќ со 6 голови.