ЗАГРЕБ ГО СЛАВИ ФЕНОМЕНАЛНИОТ ФИЛИП ИВИЌ (ВИДЕО)

Во ех-ју дербито од групата А во ЕХФ Велукс Лигата на шампионите, екипата на ППД Загреб во една возбудлива завршица успеа да извојува победа во секогаш пеколната Златорог Арена. Натпреварот беше неизвесен до самиот крај а четата на Веселин Вујовиќ славеше со 20-21 и забележа злато вредна победа во трката за што повисока позиција во групата А. Еден од клучните ракометари на ППД Загреб во големата победа над Целје беше голманот Филип Ивиќ кој успеа со само три интервенции зад своето име да биде херој на натпреварот. Одбраните на Ивиќ директно влијаеа на конечниот резултат на натпреварот. Најпрво при резултат 20-21 за Загреб, Ивиќ успеа да му одбрани пенал на Зарабец, а втората бравува на хрватскиот репрезентативен голман се случи на седум секунди пред крајот кога успеа да го скроти ударот на Млакар со што бодовите заминаа во Загреб. Шоуто на Филип Ивиќ во последните минути од натпреварот погледнете го на видеото подоле.