Загреб го бара Велко Маркоски

Хрватскиот шампион ППД Загреб, е заинтересиран за услугите на македонскиот репрезентативец, Велко Маркоски. По повредите на стандардниот десен бек, Лука Степанчиќ и столбот на одбраната, Леон Шушња, тренерот на ППД Загреб Веселин Вујовиќ има големи проблеми особено во одбранбената линија. Загрепчани токму во името на Велко Маркоски го гледаат решението на овој проблем.
Сепак ракометарот на Работнички се уште не ги прифатил условите кои му се понудени од управата на хрватскиот шампион, а каква ќе биде разрешницата на релација Работнички-Загреб ќе се знае во текот на овие неколку дена.
Ако се земе в предвид релацијата која стружанецот ја има со Веселин Вујовиќ кој му беше тренер во Вардар, веројатно е во следниот период Маркоски да го облече дресот на ППД Загреб и да стане уште еден од низата Македонци кои го носеле дресот на хрватскиот шампион.