Завршните турнири за кадети и кадетки во Струга и Прилеп

Ракометната сезона во Македонија е при крај. По завршувањето на сите три лиги во сениорска конкуренција, како и сите младински и пионерски лиги, останува да се доиграат уште завршните турнири во кадетска, машка и женска конкуренција, како и баражот за опстанок во Супер лигата меѓу Прилеп и Работнички.

Кадетите ќе играат на завршниот турнир во Струга, кој ќе се одржи денеска, а организатор е КЛ7, додека кадетките ќе играат на 8 јуни во Прилеп, на турнирот што ќе го организира Деспина.

Кадети, завршен турнир, распоред, 5 јуни:

10:30 часот, Еурофарм Работник – Прилеп
12:30 часот, Вардар – КЛ7
17:30 часот, натпревар за трето место
19:30 часот, ФИНАЛЕ

Кадетки, завршен турнир, распоред, 8 јуни:

10:00 часот, Металург – Деспина
12:00 часот, Шампион- Вардар
17:00 часот, натпревар за трето место
19:00 часот, ФИНАЛЕ