Завршниот турнир за младинци ќе се игра во Охрид

Во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид ќе падне одлуката за нов ракометен шампион во Младинската лига, откако Ракометната федерацијата на Македонија на Охрид му ја додели довербата за организација на завршниот турнир. Ова беше логичен избор со оглед на тоа кои екипи ќе играат.

На завршниот турнир кој ќе се одржи на 30 и 31 март ќе учествуваат тимовите на Охрид, Струга и КЛ7 од Струга и Металург. Во полуфиналните натпревари силите ќе ги одмерат Охрид и КЛ7, односно Струга и Металург.

Охрид вторпат организира завршен турнир во некоја од младинските категории. Во 2017 година охриѓани беа домаќини на Ф4 во пионерска конкуренција и финишираа на третата позиција.