Завршниот турнир во Купот на Македонија ќе се игра на 11 и 12 мај!

Завршниот турнир од Купот на Македонија во машка конкуренција, а многу веројатно и во женска конкуренција, ќе се игра на 11 и 12 мај. Иако првично беше најавен за третиот викенд во овој месец, на 18 и 19 мај, сепак раководството на Ракометната федерација на Македонија се одлучи за вториот викенд во мај.

Најголеми кандидати за пласман на завршниот турнир се Вардар и Металург, а покрај нив и носители на четвртфиналните групи, Еурофарм Работник и Бутел, кои ќе бидат организатори, односно домаќини на натпреварите.

Кај дамите, на завршниот турнир ќе играат Вардар, Металург, Куманово и Стружанка.