Заврши приказната на Шпилер во Металург!

Словенечкиот репрезентативец Давид Шпилер ги заврши преговорите со Металург. Откако изминатата седмица присуствуваше во Македонија како гостин на екипата од Автокоманда, искусниот бек не најде заеднички јазик со управата на скопскиот клуб.
Преговорите со Шпилер заглавиле околу финансиската сигурност на словенечкиот интернационалец, а од извори на Металург дознаваме дека управата на „сините“ требала да се произнесе околу барањата на ракометарот до понеделник.
Договор се уште не е постигнат, затоа ракометарот кој во минатото настапувал за Мешков, Загреб, Целје, Ал Рајан и Копер, е во потрага по нова ракометна средина.
Најблиску до потпис со искусниот интернационалец е екипа од германската Бундеслига, а дали наскоро ќе го видиме Шпилер во најсилната лига на светот или ќе се случи пресврт и тимот од Автокоманда ќе ги собере потребните финансиски гаранции останува да покаже наредниот период…