Заврши европската приказна за ЖРК Куманово

На реванш натпреварот од второто коло во рамките на Челинџ купот, екипата на ЖРК Куманово беше убедливо поразена од шпанска Хелветиа Алкобендес  31-15 (17-7).

Младата екипа на кумановскиот преставник не успеа да ја анулира негативата од првиот натпревар и да се пласира во втората фаза од Челинџ купот. За разлика од првото полувреме на предходниот натпревар кога ракометарките на Куманово се носеа со противникот цели 30 минути, овој пат полувремето му припадна на домаќинот кој имаше плус 10 на паузата (17-7). Во второто полувреме ракометарките на ЖРК Куманово се обидуваа најчесто преку Александра Борозовска да поентираат, но разликата во квалитетот беше очигледна па домаќините само ја зголемуваа разликата за конечни (31-15) во полза на Хелветиа.

Најефикасна во составот на ЖРК Куманово беше Александра Боризовска со 7 погодоци, а Мила Трајковиќ постигна 4.