Забавник: Македонија со сребро од Европското првенство

Завчерашниот слободен ден организаторот на Европското Првенство реши да го искористи на интересен начин за поголема забава и анимација на новинарите. За таа цел беше организиран натпревар во кој силите ги одмерија комбинирани тимови на новинарите на домаќините Унгарија и Хрватска и останатите акредитирани медиуми ширум Европа кои го покриваат настанот.

“Сакаме да им дадеме шанса на медиумите да го почуствуваат теренот, наместо само да седат на трибните и да гледаат” изјави одговорниот за медиуми во Европската Ракометна Федерација – ЈЈ Роланд.

На натпреварот не недостасуваа интересни моменти, а оние кои жестоко криткуваат се најдоа на теренот и таму ги покажаа своите вештини. Меѓу нив се најде и новинарката на 24ракомет – Амина Идризи која го заврши натпреварот со сребрен медал по тесниот пораз од само еден погодок разлика, 8-9.

“Навистина добро се забавуваме сите и се истрчавме на теренот. Причините за поразот на мојот тим беа помалата клупа и јазичните бариери. Бидејќи сум од Македонија едноставно ќе кажам дека судиите беа наколенети кон домаќинот”  низ смеа нашиот новинар го прокоментира натпреварот од забавен карактер.


media26 10874254_10153417495392977_516340588_o
media8