„Жути“ се врати на теренот, Вецлар го победи Кил

Поранешниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски, се врати на теренот по паузата што ја имаше поради повреда и беше дел од составот на Вецлар на дуелот со Кил. Неговиот тим направи изненадување и славеше над великанот со 27:24, во меч од 2 коло во Бундес лигата.

„Жути“ беше во ростерот и беше стрелец на 1 гол, интересно првиот гол на мечот, кој му донесе почетно водство на неговиот тим. Потоа домаќините си го фатија редот и Кил ниту еднаш не успеа да стигне  до нерешено, а не пак да дојде до ситуација за водство.  Вецлар следното коло ќе му гостува на Балинген.