ЖРК Ѓорче убедливо поразен од Металург

Во натпревар од Супер лигата во женска конкуренција во „Автокоманда”, силите ги одмерија ЖРК Металург и ЖРК Ѓорче. Победа оствари домашната екипа со 37:17 (17:10). Домашниот состав предводен од Александар Петровски во текот на целиот натпревар беше во водство. Непознато беше само со која разлика тимот на ЖРК Ѓорче ќе биде поразен. Со победата против ЖРК Ѓорче екипата на Металург го осигура второто место кое води во Европските купови.

Најефикасна во редовите на ЖРК Металург беше Габриела Величковска со шест погодоци. Во составот на ЖРК Ѓорче, Моника Ристевска постигна осум погодоци.

Натпреварот ЖРК Пелистер – ЖРК Вардар е одложен поради настапот на Вардар на завршниот турнир во Будимпешта.