ЖРК Прилеп не допатува во Автокоманда: Металург одработи полесен тренинг!

Последното коло од македонската женска Супер лига беше само формалност за редоследот на табелата. Новиот шампион е Вардар, додека ЖРК Металург ја заврши сезоната на второто место.
Но последното коло не помина без проблеми. На првиот натпревар кој беше закажан во спортската сала во Автокоманда гостинките од Прилеп не допатуваа. Според пропозициите на РФМ, девојките на Металург одработија полесен тренинг чекајќи да измине времето предвидено за гостинската екипа да се појави на теренот.
FLP_5647
По триесет минути остана испишан резултатот 10-0 како потсетник за проблемите со кои се соочува македонскиот женски клупски ракомет.
Женскиот колектив на Прилеп веќе гостуваше неколкупати без тренер и службено лице на натпреварите во Скопје, а причините за отсуството на ракометарките од Прилеп сеуште не се познати.
На конечната табела, Металург заврши како второпласиран со 15 победи, од друга страна ЖРК Прилеп службено го забележа 16-от пораз оваа сезона за шесто место на табелата.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ