ЖРК Пелистер славеше во дербито со Прилеп

Ракометарките на ЖРК Пелистер ја забележаа првата победа во вториот дел од сезоната. Пред своите поддржувачи избраничките на Борче Марковски одиграа одличен натпревар и со победата против Прилеп се искачија на посакуваното четврто место во Супер лигата. ЖРК Пелистер триумфираше со 31:27 (15:12).
Екипата на Жито Прилеп во Битола допатува само со 11 ракометарки. Прилеп го започна натпреварот со водство од 0-1 во првите минути од мечот, но во преостанатиот дел ракометарките на ЖРК Пелистер имаа целосна контрола на натпреварот. Во спортската сала „Младост“ незапирлива беше Мурговска која натпреварот го заврши со дури 15 погодоци. Жито Прилеп високото водство на Пелистер се обидуваше да го намали на само три разлика, но секогаш недостасуваше вистинскиот чекор. Во последните минути Прилеп заостануваше три разлика, 30-27, но ракометарките на ЖРК Пелистер постигнаа гол за конечни 31 -27.
ЖРК Пелистер – РК Жито Прилеп 31:27 (15:12)
ЖРК Пелистер: Шијаковска, Мурговска 15, Бошевска, Станоевска, Спировска, Етемовска, Дмитровиќ 5, Гаштевска 2, Талевска 3, Ставревска, Јовевска  5, Јошеска 1, Златевска, Шундовска, Трајковска, Секуловска.
РК Жито Прилеп: Стојановска, Камчевска 2, Митревска 8, Гичева 6, Крстевска 3, Јаковлевска, Данаилоска, Богеска, Ристеска, Михајлова 7, Риполоска 1.

Табела


1. ЖРК Вардар 45

2. ЖРК Металург 30

3. Вардар 2 24

4. ЖРК Пелистер 12

5. ЖРК Ѓорче 9

6. РК Жито Прилеп 3