ЖРК Пелистер против Жито Прилеп за втора победа

Денес со почеток од 17:00 часот во спортската сала “Младост” во Битола екипата предводена од Борче Марковски ќе се спротистави на Жито Прилеп во второто коло од супер лигата. ЖРК Пелистер во првото коло славеше убедлива победа против ЖРК Ѓорче на гостински терен. Доколку ЖРК Пелистер го добие натпреварот против Жито Прилеп ќе го превземе второто место веднаш зад ЖРК Вардар. Жито Прилеп во првото коло во Скопје беше убедливо поразен од првиот тим на ЖРК Вардар. Со натпреварот Пелистер – Жито Прилеп ќе се комплетира второто коло од женската супер лига.


 

Резултати второ коло :

ЖРК Металург – ЖРК Вардар 22 : 37 ( 12 : 20)

ЖРК Вардар 2 – ЖРК Ѓорче 31 : 15 ( 20 : 6)