ЖРК Пелистер последна проверка за Вардарки пред дербито со Будуќност

Денес составот на ЖРК Вардар во СРЦ Кале ќе го одигра својот трет натпревар во супер лигата. Противник на составот предводен од Индира Кастратовиќ е ЖРК Пелистер. Натпреварот започнува со почеток од 18:00 часот. По две одиграни кола ЖРК Вардар и ЖРК Пелистер имаат по две победи, но поради подобрата гол разлика вардарки се на првата позиција на табелата.

Овој натпревар ќе биде последна проверка за ЖРК Вардар пред дербито со ЖРК Будуќност во Лига на шампионите.