ЖРК Пелистер поразен од Шкипоња во Челинџ купот

Ракометарките на ЖРК Пелистер  во третото коло од Челинџ купот во спортската сала ,,Младост” неочекувано беа високо поразени од косовската екипа Шкипоња. По пауза од 20 години, Битола повторно виде европски женски ракомет, а околу 1500 љубители на ракометот го проследија овој натпревар. Ракометарките од Косово забележаа убедлива победа со 33:22 (21:11). Иако Шкипоња беше анонимна екипа, сепак пред натпреварот со ЖРК Пелистер се засили со неколку засилувања меѓу кои и Беба Белма од Гостивар.

Најефикасна на натпреварот беше ракометарката на Шкипоња, Беба Белма, со 12 погодоци. Во составот на ЖРК Пелистер се истакна Моника Талевска со осум погодоци.

Реванш натпреварот ќе се одигра на 21 ноември со почеток од 18ч во Ѓаковица ( Косово).