ЖРК Пелистер подобар од Овче Поле

Ракометарките на ЖРК Пелистер на домашен терен беа подобри од Овче Поле во рамките од Супер лигата и забележаа победа со 23:19 (10:13). Гостинките од Свети Николе доминираа во првиот дел, додека во второто полувреме домашните ракометарки со одличната одбрана и сигурните напади дојдoa до целосен пресврт.

Пелистер ја забележа втората победа и моментално е на четвртото место. Ракометарките на ЖРК Овче Поле до сега имаат одиграно три натпревари и на сите забележаа пораз.

ЖРК Пелистер – ЖРК Овче Поле 23:19 (10:13)

ЖРК Пелистер:Шијаковска, Митревска, Трпковска 3, Станоевска, Жупан 3, Бошевска, Котевска, Спировска 2, Петлеска 7, Талевска 4, Колевска, Митовска, Шундовска 2, Трајковска 1, Секуловска 1.

ЖРК Овче Поле:Стаменовска 2, Давиткова 3, Ангечева 1, Китановска 3, Паневска, Миланова, Лазарова, Велковска 2, Нацева, Митрова, Димова 8, Димчева.