ЖРК Металург ја наполни мрежата на Прилеп

Подмладениот состав на ЖРК Металург на домашен терен ја совлада екипата на ЖРК Прилеп со резултат 34-12. Во рамките на шестото коло, ракометарките на Металург впишаа уште два бода во борбата за повисок пласман на табелата во македонскиот шампионат.

Од самиот почеток Металург создаде недостижна разлика, а разликата во квалитет само ја потврди убедливата победа на домаќините. Металург го започна натпреварот со 11:1, а Прилеп за цело полувреме успеа да постигне само четири голови.

Во вториот дел гостите одиграа поангажирано, но високата предност од првиот дел беше пречка за да може да очекуваат нешто повеќе на овој дуел. Со оваа победа Металург им се приклучи на водечките екипи во македонскиот шампионат, Вардар и Куманово, но тимот од Автокоманда има и натпревар помалку. Прилеп со овој пораз останува на петтото место на табелата со три бодови.

ЖРК Металург – ЖРК Прилеп  34:12 (19:4)

ЖРК Металург: Серафимова, Илјаз, Каранфиловска 1, Гугуљанова, Дабевска 4, Владева 1, Глигоријадис, Арсениевска, Николиќ 1, Стојковска 1, Цаневска 3, Граматова 2, Саздовска 8, Гајиќ 5, Величковска 6 и Петковска 2.

ЖРК Прилеп: Митревска 1, Е.Рипилоска, Петлеска, Јовановска 2, Крстевска 6, Јаковлевска, Ристовска, Димитрова, Богеска, Саздова 2, Камческа 1, Дурланова, Л.Рипилоска и Димитриеска.

ФОТО: Денис Дуковски, РК Вардар