ЖРК Металург убедливо против Кастриоти

Ракометарките на Металург во ” Автокоманда” беа убедливи против косовската екипа Кастриоти на пријателски натпревар. Избраничките на Александар Петровски беа убедливи во текот на целиот натпревар и заслужено остварија победа изразена со 37:27 ( 20:13).

Во дресот на Кастриоти  настапија и голманката Лина Треноска и бековите Надица Трајковска и Ирена Деловска.

Најефикасна во ЖРК Металург беше Елена Петковска со осум погодоци, Сара Ристовска додаде шест. Од македонските интернационалки во Кастриоти, Надица Трајковска постигна четири погодоци, додека Деловска не успеа да се запише во листата на стрелци.

Фото: zrkmetalurg.mk