ЖРК Металург постигна 50 погодоци во Прилеп

Ракометарките на ЖРК Металург на гостувањето во Прилеп остварија убедлива победа против истоимената екипа со 50:22 (20:8) во рамките на Супер лигата во женска конкуренција.Неизвесно беше само во првите минути од натпреварот кога ракометарките на Жито Прилеп имаа водство од 2-1. Тренерот на ЖРК Металург, Александар Петровски шанса им даде и на ракометарките кои добиваат помала минутажа. На крајот составот од  ,, Автокоманда” прослави историска победа во Прилеп.

ЖРК Жито Прилеп  – ЖРК Металург  22:50 (8:20)

Жито Прилеп: Стојанова, Камчевска, Митреска 1, Крстеска, Јаковлеска, Аџулеска 7, Гичева 6, Ристеска, Михајлова 2, Богеска, Рапилоска, Саздова 6 и Куковска.      Седмерци: 4/6.     Исклучувања: 6 минути.

ЖРК Металург: Антиќ, Серафимова, Дурланова, Каранфиловска 8, Белеска 9, Николиќ 1, Стојковска 1, Николовска 7, Дабевска 3, Ливриниќ 1, Саздовска 10, Величковска 1 и Ристовска 9.    Седмерци: 3/3.     Исклучувања: 0 минути.