ЖРК Металург поразен во двата контролни натпревари со Јагодина

Македонскиот вицешампион, ЖРК Металург е поразен во двата контролни натпревари од ЖРК Јагодина на турнејата во Србија. На првиот натпревар, српскиот вицешампион го совлада Металург со 25 : 18 ( 12 – 7). Најефикасна ракометарка во Јагодина беше Глишовиќ со седум голови, кај ЖРК Металург  најквалитетни поединки беа Сара Ристовска со пет, Андреа Белевска и Габриела Величковска со четири голови во мрежата на Јагодина.

На вториот контролен натпревар, тимот предводен од Александар Петровски беше убедливо поразен со 31 : 19 ( 12 : 10). Во второто полувреме за ЖРК Металург на теренот излегоа ракометарките кои добиваат мала минутажа во натпреварите. Најдобри стрелци за Металург на оваа средба, беа Симона Николовска со четири, и Елена Ливриниќ со три постигнати голови.

Денес ЖРК Металург силите ќе ги одмери со Раднички во Крагуевац.