ЖРК Металург замина на подготовки во Србија

Денес тимот од Автокоманда, ЖРК Металург замина на подготовки во Србија каде ќе одигра неколку пријателски натпревари. Два натпревари, ЖРК Металург ќе одигра против шампионот на Србија, Раднички од Крагуевац и два натпревари ќе одигра против српскиот вицешампион, ЖРК Јагодина. ЖРК Металург во новата сезона освен во македонската лига и КПК, ќе учествува и во женската регионална лига.

За клубскиот сајт на ЖРК Металург, тренерот Александар Петровски изјави:

“Овие пријателски средби се добредојдени, бидејќи само преку натпревари со силни противници ќе можеме да оцениме до каде сме со подготовките. Ќе одиграме четири пријателски средби, со двете најсилни екипи на нашиот северен сосед, преку кои ќе се обидиме да ја истемпираме нашата форма за првите две средби од првенството на Македонија, против РК Вардар и ЖРК Вардар“.