ЖРК Металург го совлада Вестфриесланд во КПК

Ракометарките на ЖРК Металург денес во Холандија остварија победа против Вестфриесланд во рамките на КПК од третото коло. Во натпревар каде и обете екипи се менуваа во водство, победа прослави екипата од ,,Автокоманда” со еден гол разлика, 24:23 (12:12).

Стрелци за ЖРК Металург: Јовановска 7, Величковска 5, Белеска 3, Стојковска 3, Николиќ 2, Саздовска 2, Дабевска 1, Петковска 1.

Реванш натпреварот се игра на 24.10.2015 во спортската сала ,,Автокоманда” со почеток од 17ч. Влезот за сите љубители е слободен.