ЖРК Металург без “мака” против Жито Прилеп

Ракометарките на ЖРК Металург забележаа убедлива победа против РК Жито Прилеп во “Автокоманда” со 42:25 ( 21:13) во петтото коло од македонската супер женска лига. Домаќин на овој натпревар беше Жито Прилеп кој уште во првите минути ја изгуби битката со Металург по што следуваше серијата погодоци на гостите од Автокоманда. Со оваа победа ЖРК Металург се зацврсти на второто место.

Најефикасни во составот на ЖРК Металург беа Сара Ристовска и Елена Петковска со осум погодоци. Во составот на Жито Прилеп и на натпреварот најефикасна беше Ангела Саздова со 11 погодоци.

Фото: zrk.rkmetalurg.mk