ЖРК Левалеа гостин во Скопје кај Вардарки

ЖРК Левалеа од Црна Гора денес пристигна во СЦ ,,Јане Сандански” каде екипата обработи заеднички тренинг со вториот тим на ЖРК Вардар предводен од Симе Симовски. Утре со почеток од 17 часот ракометарките на Левалеа ќе одиграат пријателски натпревар против вториот тим на ЖРК Вардар. Во недела со почеток од 12 часот е закажан вториот пријателски натпревар помеѓу Левалеа и ЖРК Вардар 2. Натпреварите ќе се одиграат во СРЦ Кале. За двете екипи овие пријателски натпревари ќе бидат одлична проверка пред почетокот на вториот дел од домашната лига.