ЖРК Вардар 2 ја одржа првата “евро” прес-конференција

По повод првиот домашен натпревар во Европските купови, ЖРК Вардар 2 ја одржа првата прес-конференција пред натпреварот со унгарскиот Дунајварош.
Симе Симев, тренер на екипата:
Игравме против екипа кои сами знаеме дека е од врвен калибар, имаат врвни играчи екипа која сака да се бори за највисок пласман во овој Ехф Куп одигравме добар натпревар таму, според мои критериуми. Имавме мали пехови кои Дунајварош ги искористи и затоа е таков резултатот, ја искористија нашата младост и неискуство. Би посакал во недела да ја пружиме истата игра но да ги намалиме техничките грешки и во недела да се прикажеме во најдобро светло.
Нина Ладева ракометарка ЖРК Вардар:
Изигравме еден важен натпревар бидејќи сме помлади и немаме многу искуство затоа успеаа да не казнат на нашите грешки, дадовме 100% јас ќе се обидам да дадам се од себе и да одиграме уште еден добар натпревар.
Теодора Керамитчиева, ракометарка ЖРК Вардар:
Го дадовме својот максимум, но секогаш сметам дека можеме многу повеќе. Ќе се стремиме кон победа, минатиот натпревар тоа што го работевме на тренинзите го изведовме на терен, но мислам дека можеме многу повеќе. Тоа ќе го покажеме на терен.

Натпреварот е на распоред на 23.11.2014 а започнува од 17:00 во СЦ “Јане Сандански” во Скопје.