ЖРК Вардар 2 поразен од ЖРК Металург

Во дерби натпреварот од македонската супер лига во “Автокоманда” втората екипа на ЖРК Вардар беше поразена од ЖРК Металург со 23:19 ( 10:8). Ракометарките на ЖРК Металург пред домашната публика во текот на целиот натпревар беа подобри од вардарки. Со победата против ЖРК Вардар избраничките на Александар Петровски се зацврстија на втората позиција на табелата .

Најефикасна на натпреварот беше Сара Ристовска со 11 погодоци, во составот на ЖРК Вардар се истакна Теодора Керамитчиева со 7 погодоци.

 

Фото: zrk.rkmetalurg.mk