ЖРК Вардар 2 подобар од Металург!

Со натпреварот ЖРК Вардар 2-Металург започна пролетниот дел од Супер женската лига.
ЖРК Вардар 18-17 Металург
Девојките од Автокоманда одлично го отворија натпреварот ја контролираа играта и водството кое во 12-та минута изнесуваше 3-7 за гостинките. По воведниот период, ракометарките на вториот тим на Вардар со серија од 4-0 преку Керамитчиева во 23-та минута го израмнија резултатот на 7-7, а по три минути игра дојдоа до минимална предност од 8-7. Ракометарките на Металург повторно превзедоа водството на минута прек крај на првиот дел, а Керамитчиева со звукот на сирената ги постави конечните 9-9.

AAA_8621-2
ФОТО: Филип Вирановски

Во вториот дел Стојковска беше ракометарката која ја направи разликата за Металург , серијата на тимот од Автокоманда траеше шест минути, а Ристовска од контра-напад ги врати трите голови предност од првиот дел за „сино-белите“, 9-12 во 36-та минута. Металург највисоката предност ја имаше во 45 минута кога Стојковска стрелаше прецизно за 12-16. Но високата предност не беше доволна за конечна победа на тимот од Автокоманда.

AAA_8327-2
ФОТО: Филип Вирановски

Вардар ги искористи грешките на нападот на Металург, кој играше без најдобрата поединка Стојковска и повторно го израмни резултатот на 16-16 со четири погодоци во низа. Во неизвесна завршница, Вардар во 58-та минута го превзема водството, 18-17 што беше и последен постигнат погодок на натпреварот.
За Вардар Керамитчиева беше прецизна 8 пати, додека Стојковска постигна 6 погодоци во редовите Металург.