ЖРК Вардар Јуниор продолжува да реди победи

ЖРК Вардар Јуниор продолжува да реди победи во Супер лигата и моментално е единствена екипа која нема пораз. Во малата сала во СЦ ,,Јане Сандански” избраничките на Симе Симовски беа домаќини на Овче Поле. Натпреварот заврши со убедлива победа за Вардар, 33:23 (14:10).

Вардар јуниор – Овче Поле 33-23 (14-10)

Вардар јуниор: Прленда 2, Петровска 1, Трпковска 5, Георгиевска 2, Николовска 4, Митова 2, Тодоровска 5, Нолевска 3, Велкова 1, Трајчевска 1, Џини 2, Мишевска 2, Гичевска 3.

Овче Поле: Стаменовска 1,  Китановска 8,  Велковска 2,  Димова 9, Стојанова 2,  Атанасова 1.