ЖРК Вардар Јуниор двата натпревари од Челинџ купот ќе ги игра во Скопје

ЖРК Вардар Јуниор натпреварите против Лондон во рамките од Челинџ купот ќе ги одигра во Скопје односно во СЦ ,,Јане Сандански”. Младите ракометарки на ЖРК Вардар во големата сала на СЦ ,, Јане Сандански”  на 13.11.2015 со почеток од 18ч се домаќини на Лондон, додека пак на 14.11.2015 со почеток од 18ч домаќин ќе биде екипата од Велика Британија.

Ова е второ учество на ЖРК Вардар Јуниор на европска сцена. Минатата година Вардар немаше многу среќа и за противник го доби поранешниот европски шампион, Дунајварош.