ЖРК Вардар убедливо против ЖРК Ѓорче

Денес во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ избраничките на Индира Кастратовиќ без Андреа Лекиќ, Сираба Дембеле, Андреа Пенезиќ, Барбара Лазовиќ, Јованка Радичевиќ и Ина Суслина немаа никакви проблеми против ЖРК Ѓорче и славеа убедлива победа со високи 35:17 (18:11) во рамките на Супер лигата во женска конкуренција. Ракометарките на Владимир Радиќ пружија достоен отпор во првото полувреме, но во вториот дел беа немоќни против македонскиот шампион.

Најефикасна на натпреварот беше гостинската ракометарка Моника Ристовска со девет погодоци. Во составот на ЖРК Вардар одлична партија одигра Ивана Гакидова која запиша осум погодоци.

ЖРК Ѓорче останува во трката за четвртото место.