ЖРК Вардар убедливо против ЖРК Металург

Денес во малата сала во СЦ ,,Јане Сандански” ракометарките на ЖРК Вардар без поголеми проблеми триумфираа против составот на ЖРК Металург со 33:22 (14:12) во рамките од 17.коло во Супер лигата. Избраничките на Александар Петровски имаа сила само за едно полувреме, пружија добар отпор во првиот дел, но во второто полувреме ракометарките на ЖРК Вардар со расположените репрезентативки на Црна Гора, Јованка Радичевиќ и Андреа Кликовац од минута во минута ја зголемуваа предноста.

Ракометарките на ЖРК Вардар, Барбара Лазовиќ и Татјана Хмирова не беа во составот на Индира Кастратовиќ заради повреда.

Најефикасна на натпреварот беше ракометарката на ЖРК Металург, Сара Ристовска со десет погодоци. Во составот на ЖРК Вардар, Радичевиќ, Кликовац и Дембеле постигнаа по шест погодоци.