ЖРК Вардар убедливо против Данска во вториот контролен натпревар

По вчерашната победа на репрезентацијата на Данска, ракометарките на ЖРК Вардар по вторпат успеаа да го совладаат домаќинот на светското првенство кое е закажано за крајот на годината. Денес во малата сала на СЦ ,,Јане Сандански” избраничките на Индира Кастратовиќ беа убедливи од самиот почеток за на крај да се изборат за победа со резултат 35:26 (16:13).

Во солидно светло се покажа новата ракометарка во ЖРК Вардар, Сара Ристовска која постигна 3 погодоци на овој натпревар. Најефикасна во редовите на ЖРК Вардар беше Сања Дамњановиќ со шест погодоци. Во репрезентацијата на Данска прв стрелец беше Јоргенсен која исто така постигна шест погодоци.
12063970_10206276434782982_1372534067_n

По натпреварот, тренерот на ЖРК Вардар, Индира Кастратовиќ за клупскиот сајт изјави:

„Овие два натпревари ни беа добредојдени да видиме до каде сме со формата. Задоволна сум од нападот, бидејќи сите девојки добија шанса да играат и добро ја искористија. Нормално дека секогаш може да играме и подобро, и кон тоа се стремиме. Ни треба уште подобрувања во однос на играта во одбрана. На првиот натпревар Данките играа на моменти погрубо, и на тоа треба да се навикнеме, но истовремено за знаеме да возвратиме. На вакви силни натпревари се гледа колку сме воиграни, но факт е дека нашата форма оди по нагорна линија.