ЖРК Вардар СЦБТ убедливо против младинскиот Вардар

Избраничките на Индира Кастратовиќ денес во Кале немаа никакви проблеми против младинскиот ЖРК Вардар во натпревар од супер лигата. Фуриозниот старт на почетокот најави дека ќе гледаме се, освен резултатска неизвеснот. Со одличната Саидова на голот, ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ на полувремe обезбедија предност од 18:5.

zrk vardar scbt-zrk vardar
Фото: www.zrkvardar.com

Во вториот дел водството на ЖРК Вардар СЦБТ се зголемуваше од минута во минута за на крај резултатот да биде 37:11. Вардар СЦБТ беше предводен од Хмирова која со седум постигнати голови беше најефикасна, за контрите беше задолжена Костјукова која натпреварот го заврши со шест постигнати голови, црногорската интернационалка Андреа Кликовац постигна пет. Кај ЖРК Вардар, Стојановска  беше најефикасна со пет постигнати голови.

Утре ЖРК Вардар СЦБТ гостува во Автокоманда против РК Металург Скопје. Натпреварот се игра со почеток од 16:00 часот, а пак влезот за сите љубители е слободен.