ЖРК Вардар со победа ги започна подготовките

Македонскиот шампион – ЖРК Вардар со победа ги стартуваше подготовките за престојната сезона. Во Франција избраничките на Индира Кастратовиќ одиграа одличен натпревар против францускиот суперлигаш Миос Биганос и славеа победа со 33:25. Новото засилување во ЖРК Вардар, Сања Дамњановиќ се покажа во одлично светло и заедно со Сираба Дембеле ја преводеа листата на стрелци со седум постигнати погодоци.

ЖРК Вардар останува во Франција каде ќе одигра уште неколку контролни натпревари против екипи од француската Супер лига.