ЖРК Вардар славеше против ЖРК Ѓорче

Ракометарките на ЖРК Вардар немаа проблеми против ЖРК Ѓорче во рамките од македонската Супер лига. Натпреварот се играше во малата сала во СЦ “Јане Сандански”, a ЖРК Вардар забележа убедлива победа со резултат 27:19 ( 16:6). Домаќин на овој натпревар беше екипата ЖРК Ѓорче. Составот на Индира Кастратовиќ уште од самиот почеток најави дека бодовите одат на салдото на ЖРК Вардар.

Најефикасни во вардаровиот табор беа Барбара Лазовиќ и Алена Ихнева со девет погодоци. Во составот на ЖРК Ѓорче најефикасна беше искусната Моника Ристовска со шест погодоци.

Утре ЖРК Вардар силите ќе ги одмери со својот втор тим. Натпреварот е со почеток од 14:00 часот.